Баерн одигра реми со Хофенхајм и подобри апсолутен рекорд во Бундес (видео)

92

Во германската Бундес лига актуелниот шампион и моментално лидер на табелата Баерн Минхен одигра 1:1 на гостувањето кај Хофенхајм. Домашниот тим поведе со гол на Баумгартнер во 32. минута, а изедначи Левандовски во 45 минута. Хоф е петти на табелата, а Баерн останува лидер со 10 поени повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.

На другите натпревари Фрајбург го совлада Волфзбург со 3:2 и продолжува да се бори за ЛШ (моментално го држи четвртото место), а Унион и Штутгарт одиграа 1:1.

Баерн постигнал гол(ови) на 73 бундеслигашки натпревари по ред подобрувајќи го својот рекорд но и рекордот во најсилната германска лига.

ГОЛОТ НА ХОФЕНХАЈМ ОВДЕ

ГОЛОТ НА БАЕРН ОВДЕ

ПретходноОдермат го освои Малиот кристален глобус во велеслалом
СледноПоранешен фудбалер на Шахтјор загина за време на руската опсада на Херсон