Британија, сепак, ќе му даде можност на Абрамович да го продаде Челзи

858

Рускиот олигарх Роман Абрамович и покрај замрзнувањето на неговиот имот во Британија, бара начин како да го продаде Челзи. Тој потврдил дека е подготвен да го заврши својот 19-годишен престој на „Стемфорд Бриџ“ на почетокот на март. Санкциите наметнати врз Абрамович фрлаат сериозен сомнеж дали „сините“ ќе можат да ја завршат сезоната и покрај тоа што добија спортска лиценца за продолжување на активностите поврзани со фудбалот.

Сепак, како голем поттик за навивачите на Челзи, е веста дека продажбата на клубот е на пат да се случи по договор со владини претставници. „Телеграф“ тврди дека Абрамович и дал инструкции на комерцијалната банка која ја следи продажбата, да продолжи со процесот на наоѓање купувач и склучување на зделката.

Изданието додава дека вработените во Челзи и банката разговарале со владата за тоа како продажбата може да продолжи и се согласиле дека новиот сопственик и користењето на средствата од продажбата ќе бараат посебно одобрение од владата. Одреден е и рок до следниот вторник за поднесување на првите понуди, бидејќи Абрамович се надева дека клубот ќе биде продаден брзо. Се вели дека во трката за купување на двократниот европски првак влегле три американски конзорциуми.

ПретходноПерез го наградува Анчелоти со нов договор
СледноДалас го доби тексашкото дерби, Мајами им се врати на победите (ВИДЕО)