Ненад Димитријевиќ и Валенсија не успеаја да дојдат до нов триумф по маестралната партија против Барселона во минатото коло. Македонскиот репрезентативец и неговиот тим беа поразени од Хувентуд, некогашниот клуб за кого Нено настапуваше.
Во дербито на 24. коло во Лига Ендеса беа совладани со 76-68. Ова беше осми пораз за Валенсија, која падна на шестата позиција на табелата, четвртото место му припадна токму на Хувентуд.
Нено мечот го заврши со 11 поени (1/2 за три поени, 2/2 за еден поен, 3/10 за два поени), во игра мина нецели 20. минути за кои додаде две асистенции и два скока.