Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар 1961 е вториот патник на фајнл-фор завршницата. Во финалето во групата А, избраниците на Давид Дејвис го совладаа тимот на Тиквеш со убедливи 33-23.
Натпреварот беше решен во второто полувреме. Кавадарчани пружија отпор во првите 30. минути, имаа и водство од два гола (7-9 и 9-11). Вардар во последната минута успеа да дојде до позитива од еден гол (15-14).
„Црвено-црните“ ја подигнаа играта на пивисоко ниво, полека ја зголемуваа предноста, во 58. минута поведоа со плус девет 32-22.
Дибиров со седум гола беше прв стрелец, шест постигна Оливие Њокас, додека четири имаа Џукич и Моралес. Симиќ со седум погодоци беше најефикасен кај Тиквеш.
Е.Пелистер се најде на чекор до Ф4, во полуфиналето го совлада Алкалоид со 32-26, во финалето кое закажано за вечерва ќе игра со подобриот од Охрид – Драчево.
Покрај Вардар на фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија вчера место завери и Бутел Скопје.