Надал контрадикторен за Зверев и казната!

183

Александер Зверев беше исфрлен од турнирот во Акапулко откако на мечот во двојки вербално и физички го нападна судијата. Тој за оваа постапка доби максимална парична казна, како и суспензија од терените од шест недели.

Рафаел Надал на почетокот на Индијан Велс ја коментираше казната на Зверев. Шпанскиот тенисер беше контрадикторен, прво изјави дека добил „блага“ казна, а потоа дека тој е негов добар пријател.

„Имам добар однос со него, ми се допаѓа, често тренираме заедно, му посакувам се најдобро. И тој самиот знае дека не беше во право, тоа го призна веднаш, за мене е позитивна работа.

Од другата страна, мора да имаме контрола, не е само овој пример, во последните месеци се случуваа многу работи. Ако не сме во состојба да го казниме ваквото однесување, тогаш ние играчите ќе бидеме се помоќни во иднина.

Во овој спорт мора да даваме позитивен пример, особено за децата. Не сакам Саша да биде казнет, но од друга страна, би сакал да бидам порадикални казни за вакво однесување“, изјави Надал. 

ПретходноНа 43 години почина поранешен фудбалер на Работнички
СледноВасоски и Аврамовски со реми во дербито на БиХ!