Битка за Супер-лига, во центарот на вниманието две пресметки

137

Денеска во рамките на 18. коло во Првата лига ќе се одиграат четири меча, три од нив во ист термин. Во центарот на вниманието ќе бидат пресметките во СЦ „Кале“ и во салата „Независна Македонија“.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, ТФТ го пречекува Гостивар. На пет првенствени кола до крајот на овој дел од сезоната, двата тима се борат за што повеќе бодови. Во подобра ситуација е гостинот, има 29 бода, два повеќе од тимот од Тафталиџе. Првата пресметка заврши на сметка на Гостивар, на домашен терен славеше со убедливи 89-75.

Втората средба која привлекува внимание е меѓу Академија ФМП и Работнички (19:30 часот). Најтрофејниот кошаркарски колектив ќе мора многу повеќе да се потруди доколку сака да влезе меѓу шестте најдобри екипи. Се наоѓа на две места под цртата, поточно има 24 бода и нема право на грешка. На другата страна домашниот тим е на четвртото место и нема намера во финишот да ја испушти шансата да остане на оваа позиција.

Во терминот од 18 часот ќе се сретнат Кожув – Куманово и МЗТ Скопје – Ангели.

12 МАРТ (САБОТА):

18.00: Кожув – Куманово 2009

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/OsEK8ZJ4AuI

18.00: ТФТ – Гостивар (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/iK8WkPSvCn0

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Ангели

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/dDRFdLMfiGU

19.30: Навико Академија ФМП – Работнички

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/4Oz7nYz9EBM

ПретходноСобрание на ФФМ: Федерацијата во плус од 4,3 милиони евра за 2021 година!
СледноМеси и Нејмар немаат намера да си одат од ПСЖ