Васоски и Аврамовски со реми во дербито на БиХ!

216

Само 1:1 на „Кошево“ за Александар Васоски и Даниел Аврамовски на мечот меѓу Сараево и Борац Бања Лука во дербито на колото во елитната лига во БиХ.

Тимот на нашиот стратег беше подобар, имаше голем број шанси, имаше и водство со голот на Суљиќ уште во 2.минута, но сепак на крајот само бод зошто тимот од Бања Лука, со голот на Лукиќ во 59.минута израмни за конечни 1:1.

Даниел Аврамовски за првпат откако е во Сараево беше стартер и во игра беше се до 76.минута, додека вториот наш интернационалец во тимот од Сараево, Крсте Велкоски не беше во записникот.

Ова беше трет меч во првенството на Васоски како стратег на Сараево и прво реми. Има и победа, но и пораз во градското дерби со Железничар.

ПретходноНадал контрадикторен за Зверев и казната!
СледноЛиверпул не запира, го “прескокна“ и Брајтон…(ВИДЕО)