Во фокусот на синоќешните дуели од НБА лигата беше тексашкото дерби меѓу Хјустон и Далас, кое на крајот му припадна на гостинот со 100:113. Лука Дончиќ повторно блесна во негов стил. Овој пат, тој постигна 30 поени, придодавајќи 14 скока и шест асистенции. За Маверикс тоа беше трета победа против Хјустон оваа сезона. Статистички, Дончиќ стигна до 124. дабл-дабл во НБА, каде досега одигра 250 натпревари.
Голем дел од заслугата за победата на Далас им припадна и на Двајт Пауел и Спенсер Динвиди. Првиот постигна 26, а вториот 16 поени.
Мајами по поразот од Феникс на минатиот меч им се врати на победите совладувајќи го Кливленд со 117:105. Лидероѕт на Истокот ја оствари својата 45. победа по одличната партија на Адебајо кој средбата ја заврши со 30 поени и 17 скока, а одличен меч имаше и Батлер кој реализираше 24.
Бостон продолжува да рњеди победи, откако синоќа го совлада Детроит со 114:103 и го оствари петиот последователен триумф сезонава. Тејтум со 31 поен ги предводеше Селтикс, додека кај Детроит Канингем постигна 27.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Хјустон – Далас 100:113
Орландо – Минесота 118:110
Атланта – ЛА Клиперс 112:106
Бостон – Детроит 114:103
Мемфис – Њујорк 118:114
Мајами – Кливленд 117:105
Њу Орлеанс – Шарлот 120:142
Сан Антонио – Јута 104:102
Феникс – Торонто 112:117
ЛА Лејкерс – Вашингтон 122:109