ИСТОК: Виничани не запираат, Победа шокирана среде Прилеп…

2381

Каков шок за Победа, и тоа среде Прилеп, и тоа во 92.минута кога Кожуф преку Јаневски успеа да постигне гол и да му донесе бод на својот тим. Победа водеше со голот на Димоски во 29.минута. Голем, голем кикс на Победа.

Затоа во Виница нова победа, иако потешко од очекувањата, сепак четата на стратегот Никола Кузманов го победи Пехчево со 1:0 и тоа со голот на Митровски во 74. минута. Сега Слога Виница има предност пред Победа и Беласица од 4 бодови.

Беласица и Саса не дозволија изненадување, дома ги победија Детонит со 2:0 и Братство со 1:0.

Додека Осогово го “наполни“ тимот на ТИМ Локомотива со 6:0.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 19.КОЛО

СЛОГА (В) – ПЕХЧЕВО 1:0

ПОБЕДА – КОЖУФ 1:1

БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ 2:0

КАМЕНИЦА САСА – БРАТСТВО 1:0

ОСОГОВО – ТИМ ЛОКОМОТИВА 6:0

ТАБЕЛА

Слога В 42, Победа 38, Беласица 38, Саса 37, Осогово 26, Кожуф 23, Пехчево 22, Детонит 20, Братство 13, ТИМ Локомотива 6

ПретходноЗАПАД: Вардар во последен час се спаси од срам, Воска победи, кикс на Силекс…
СледноОва ли е Вардар: Мачење на теренот, потење на трибините! (ФОТОГАЛЕРИЈА)