Голема, огромна победа за тимот на Манестер Јунајтед во големото дерби вечерва против Тотенхем на домашен терен од 3:2. И тоа исклучиво благодарение на неповторливиот Кристијано Роналдо кој постигна хет трик на овој меч и самиот го победи практично противникот.
Се започна уште во 12. минута кога на асистенција на Фред, Кристијано Роналдо прекрасно шутираше од далечина и погоди во аголот. Хери Кејн погоди во 36. минута од пенал, откако беше санкционирано играњето со рака во домашниот шеснаесетник, но Кристијано Роналдо очигледно на овој меч беше незадржлив. На асистенција овојпат на Џејдон Санчо погодува на петерецот за 2:1 и со тој резултат се замина на полувреме.
Ако веќе мораше да има трагичар во победничкиот тим на Јунајтед вечерва тоа е Хери Мегваер кој во 72. минута си постигна ефектен автогол за 2:2.
И кога сите помислија дека Манчестер Јунајтед одново ќе одигра проблематичен меч, на одлично изведениот корнер на Алекс Телес, Кристијано Роналдо обавува еден од своите легендарни скокови во противничкиот шеснаесетник и со глава го постгинува својот трет гол вечерва, победнички за домаќинот.
Со овите три гола, Роналдо стана и официјално најдобар стрелец минувајќи го Јозеф Бичан со своите досега 807 гола.