КУП НА МАКЕДОНИЈА: Е.Пелистер третиот патник на Ф4, Пролет елиминиран во полуфиналето!

166

Е.Пелистер е третиот тим кој обезбеди место на фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија. Битолскиот состав на домашен терен го совладаа Охрид во финалето од групата Б со 21-27.

Избраниците на Жељко Бабиќ беа подобар противник во текот на целиот натпревар, поведоа со 1-3, гостите успеаја еднаш да израмнат на 5-5. Во продолжение доминираа битолчани, на одморот позитивата беше 11-14.

Не се промени ништо ниту во второто полувреме, Е.Пелистер рутински, без мака ја доби оваа средба.

Мандалиниќ постигна осум гола, Божиќ-Павлетиќ запиша 6. Шилегов постигна седум гола кај Охрид.

Т.Пролет не успеа да се пласира во полуфиналето во Купот на Македонија, во групата Г. Скопскиот состав беше поразен со 20-28 на домашен терен од вториот тим на Е.Пелистер. Ова беше без дилема најслабиот натпревар на Пролет во последните години, меч што го одбележа недоволна желба за игра против квалитетен ривал. Отсуствата на Пецаковски и на Аларов никако не смеат да бидат изговор.

Од оваа група за место на Ф4 ќе се борат Е.Пелистер 2 и Прилеп, кој беше подобар од Голден Арт со 30-25.

ПретходноКомити прославија 35 години постоење и 75. години ФК Вардар
СледноМирчевски го спаси ТСЦ од пораз (ВИДЕО)