„Марка“: Мбапе следната недела потпишува за Реал!

297

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе следната недела ќе потпише договор со Реал Мадрид, тврди шпанскиот весник „Марака“, кој е многу близок до клубот. Страните повторно се состанале и се договориле сите детали од договорот да бидат прецизирани пред 18 март. Клубовите официјално ќе го објават трансферот на напаѓачот на крајот од сезоната.

Според „Марка“, платата на Мбапе во Реал ќе биде 25 милиони евра годишно. Напаѓачот ќе добие и бонус за потпис од 60-80 милиони евра. Актуелниот договор на младиот француски голгетер со ПСЖ истекува на крајот на 2022 година. Претходно стана јасно дека парижани сакаат да го задржат 23-годишниот фудбалер потпишувајќи нов договор со него до 2024 година, но тој е решен да замине во великан како што е Реал.

ПретходноСалах ја одбил и последната понуда на Ливерпул за нов договор
СледноТетовско дерби за трето место, Струмица ги пречекува лидерките