Напаѓачите на ПСЖ, Нејмар и Лионел Меси, немаат намера да го напуштат клубот, тврди спортскиот новинар Адриен Грениер. Двајцата изразиле желба да останат во тимот на Париз и следната сезона да се обидат да станат освојувачи на Лигата на шампионите.
ПСЖ е незадоволен од Нејмар поради неколку причини. Прво, играта на Бразилецот не ги оправдува очекувањата. Второ, раководството на парижаните не го одобрува активниот начин на живот на напаѓачот, кој редовно присуствува на некаква забава. Трето, еден од агентите на Нејмар е неговиот татко, со кој шефовите на ПСЖ немаат добри реалции.
Меси пак само една сезона е во Париз и ќе сака да одработи уште една за да го оправда договори и високите вложувања во него.