Вардар победи со Охрид и тоа со 1:0, и тоа едвај, и тоа со голот на Керим во финишот на мечот. Сите присутни на Арената се прашуваа – зарем ова е Вардар?
Вистинско мачење на теренот, а потење на трибините, посебно кај оние кои раководат со клубот.
Малку, само неколку минути недостигаше до нов СРАМ.
Ако ова е тој толку фалениот Вардар, тогаш тешко на “комитите“ и останатите фанови на клубот.
Сепак „комитите“ си направија свое ШОУ, со тоа ја повторија својата љубов кон клубот а на играчите им порачаа-ДУР СЕ ВЕЕ НАША МОТКА, САКАМЕ БОРБА ЗА СЕКОЈА ТОПКА.