Од синоќа: Грег Попович е тренер со најмногу победи во историјата на НБА

171

Грег Попович стана тренер со најмногу победи во историјата на НБА лигата. Синоќа, Попович во стигна до 1.336 победи во кариерата со што го престигна Дон Нелсон.

Неговиот Сан Антонио Спарс го победи Торонто Репторс со 104:102 и го постави Попович на самиот врв.

„Ова е успех на сите луѓе кои работеле со мене, не само на еден поединец. Кошарката е тимски спорт. Како тренер им кажувам на играчите што да прават, ги учам и така е цел живот со прекрасните играчи и други тренери, со поддршка на овој прекрасен град. Навивачите не поддржаа без разлика на се. Сите ние го делиме рекордот. Тој не е мој. Тој е наш“, рече Попович.

По натпреварот Дон Нелсон му честита за постигнувањето.

ПретходноДалас го доби тексашкото дерби, Мајами им се врати на победите (ВИДЕО)
СледноСалах ја одбил и последната понуда на Ливерпул за нов договор