Менаџерот на тимот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник е воодушевен како и остатокот од светот од изведбата на Кристијано Роналдо вечерва. Португалецот ги псотигна сите три гола за својот тим во триумфот од 3:2 над Тотенхем, и со тоа стана најдобар стрелец во историјата со 807 погодоци.
„Сазлуживме да победиме. На два пати противникот ни изедначуваше, но Роналдо вечерва беше фантастичен. Одлично тренираше во последните неколку дена, решивме да биде стартер, а тој ни возврати со прекрасна изведба. Ова е најдоброто нешто од него откако сум дел од Јунајтед. Ова за нас веројатно беше најдобрата изедба против силен противник во последните неколку месеци“ – изјави Рангник.