Садио Мане со реченица за својата мајка која те тера да заплачеш!

616

Садио Мане, напаѓачот на Ливерпул, најдобриот фудбалер на Сенегал со која репрезентација стана првак на Африка важи за доста скромен човек, кој сака секому да помогне. Посебно на сиромашните во својата земја.

Деновиве во едно интервју тој потврди дека е многу поврзан со својата мајка, па така кажа една реченица која те тера да заплачеш.

Секој ден зборувавме на телефон, често и по неколку пати на ден за време на АКН. Финалето не го гледаше, и беше многу страв. Претходно ми кажа дека поради стрес загубила седум килограми, едноставно не јадела. И на крај, кога се најдобро се заврши, и се јавив после финалето и и реков – ајде да јадеме. Победивме, се е готово“ вели еден од најдобрите фудбалери во светот.

На прашањето дали му се допаѓа животот на Нејмар и Роналдо, тој одговори…

Ги следам на социјалните мрежи, ми се допаѓа нивниот живот, но тоа не е за мене“.

За неговите фудбалски почетоци и за тоа како бил исмејуван…

На тренинзи одев по куси панталони кои беа налик на шорцеви, исто копачките ми беа скинати, со жица ги врзував. Да, останатите ме исмејуваа за тоа, но јас сепак издржав и ете, го остварив сонот да станам успешен фудбалер“.

ПретходноПоранешен фудбалер на Шахтјор загина за време на руската опсада на Херсон
Следно„Граѓаните“ го купија бразилското чудо од дете – Савињо