Салах ја одбил и последната понуда на Ливерпул за нов договор

489

Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, ја одбил најновата понуда на клубот за продолжување на договорот, објави новинарот Фабрицио Романо.

Понудата која ја добил уште во декември, а според раководните лица била доволно добра, сепак, Салах и неговиот агент Рами Абас Иса одлучиле да ја отфрлат, со образложение дека предложената плата не е задоволителна. По нивното одбивање, не се одржани нови разговори меѓу двете страни.

Сепак, напаѓачот најавува дека сака да остане на „Енфилд“, а актуелниот договор му истекува во летото 2023 година. 29-годишниот Египќанец има уште една одлична сезона за „црвените“ со 27 гола и 10 асистенции во 34 натпревари.

ПретходноОд синоќа: Грег Попович е тренер со најмногу победи во историјата на НБА
Следно„Марка“: Мбапе следната недела потпишува за Реал!