Сандеј: Важна е победата и освоените бодови

160

Во моментов веројатно најдобриот играч во ПМФЛ шампионатот, напаѓачот на Шкупи, Сандеј Адетунџи и денеска како впрочем и на поголемиот дел од мечевите сезонава беше стрелез за Чаирчани. Овојпат против Работнички во победата од 2:0. По првото полуреме во кое домашните не успеаа да погодат, на стартот на вториот дел, токму Сандеј погоди за водство, кое потоа во финишот беше потврдено од Марјан Радески.

„Денешниот натпревар беше тежок натпревар. Нашиот противник дојде доста подготвен. Сè што треба да направиме е да ги спроведеме задачите дадени од нашиот тренер. Првото полувреме беше потешко бидејќи добро се бранеа, но во вториот дел мислам дека повеќе напаѓавме. Најважно е што победивме и што освоивме бодови, кои и натаму ни го отвораат патот кон освојување на титулата“ – изјави Сандеј.

 

ПретходноМирчевски го спаси ТСЦ од пораз (ВИДЕО)
Следно„Академците“ пресилни за Работнички