Собрание на ФФМ: Федерацијата во плус од 4,3 милиони евра за 2021 година!

597

Со присутни 55 делегати од вкупно 58 (без ОФС Струмица и ОФС Тетово), денеска во скопскиот хотел „Хилтон“ се одржа редовното годишно Собрание на фудбалската федерација на Македонија. Како и секогаш на ваквиот собир, во центарот на вниманието е усвојувањето на записниците и одлуките за изминатата 2021 година.

Од она што беше најинтересен беше извештајот за финансиите на федерацијата која за 2021 година остварила приходи од околу 19.000.000 милиoни евра. Тоа е најплодната година на федерацијата која лани доби и добра сума од настапот на националната селекција на ЕП.

Од финансискиот извештај контатирано е дека ФФМ има потрошено околу 15.000.000 евра, а годината 2021 е завршена со позитивно салдо од 4.3 милиони евра.

Според извештајот 3 милиони евра се потрошени во инфраструктура низ терените и стадионите во земјава.

Собранието на делегатите на ФФМ траеше ококу еден час и на истото беа присутни и претставници од УЕФА и ФИФА кои ги дадоа следниве изјави:

„Во благодарам на одличната соработка и одличните резултати кои ги имате на зелениот терен и надвор од него околу организацијата. ФФМ е ценет партнер на ФИФА и ние секогаш сме тука за вас за да ги помогнеме сите ваши проекти. Во посакувам продуктивно Собрание и многу среќа во бараж натпреварите за пласман на СП и успеси во целата 2022 година. Ви ги пренесувам поздравите од претседателот Џани Инфантино“, Чарлс Ворман од ФИФА.

Од УЕФА се заблагодарија за поддршката која ја дала нашаѕа федерација во Ковид-кризата, како и сега по настаните со Украина. Потенциран е успехот со самиот пласман на ЕП, како и баражот за СП. Најавија изградба на нов статут со кој ФФМ ќе биде на уште повисоко ниво.

“Им благодарам на ФФМ затоа што ни давате поддршка за сите одлуки на УЕФА во времето на Ковид кризата но и сега по настаните во Украина. Во делот на развојот на фудбалот ФФМ направи многу како изградба на инфраструктурата со неколку проекти во кои беше искажан максимален професионализам од ваша страна. Со ФИФА и УЕФА работиме и на новиот статут со што организациски ФФМ ќе биде на многу повисоко ниво. Вашата добра работа донесе кулминација со пласманот на ЕП, тоа беше чудо но тука не застанавте затоа што направивте уште едно чудо и за 12 дена ќе играте со европскиот првак за пласман на СП“, Денис Бастари од УЕФА.

ПретходноМуамед Сејдини: Одиме напред, со едно ЕП не се живее!
СледноБитка за Супер-лига, во центарот на вниманието две пресметки