ФФМ потврди: Една Втора лига со 16 екипи!

3584

На денешното Собрание на ФФМ, беше направена измена во системот на натпреварување за сезоната 2022/23 по што ќе следи и формирање на единствена Втора лига.

Истата ќе брои 16 клубови, а комесарот за натпреварување Игор Франговски го објасни и начинот на кој од следната сезона ќе функционираат трите лиги во Македонија.

-Првата лига останува со 12 клубови.

-Единствена Втора лига со 16 клубови.

(2 екипи кои ќе испаднат од Првата лига, Два тима кои ќе ги загубат баражите за пласман во Првата лига, 10 клуба од сегашните две Втори лиги со пласман од 3 до 7 мести и 2 екипи кои ќе бидат победници во баражите на победниците од третите лиги.

-Третите лиги имаат задача да го завршат натпреварувањето во оваа сезона и да пријават победници до јуни. Ако истите не се играат (сличај со север и исток), од следната сезона третите лиги ќе бидат со истите екипи од натпреварувачката сезона 2020/21 плус со екопите кои ќе испаднат од вторите лиги.

-Потполнувањето на Првата лига и во иднина ќе биде ист. Два тима испаѓаат директо и два ќе играат бараж со 3 и 4 место пласираните екипи од единствената Втора лига. Во Првата лига влегуваат директно првите два тима од Втората лига.

ПретходноЗАПАД: Вардар на Арената ќе го напаѓа Охрид, Воска и Силекс пред нови победи…
СледноИСТОК: Виничани во соседското дерби посакуваат нов триумф