Хамилтон пред стартот на сезоната: Мерцедес не е најбрз

254

Седумкратниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон смета дека во моментов Мерцедес не е најбрз и дека нема да биде спремен да се бори за победа во првата трка во сезоната. Инаку новата сезона во Ф1 почнува наредниот викент во Бахреин.

„Во овој момент не мислам дека ќе се бориме за победа, но болидот има потенцијал да не однесе таму. Сигурен сум дека сите тоа можат да го видат. Моментално не сме најбрзи. Се чини дека Ферари е најбрз, па потоа можеби Ред Бул, па ние или Мекларен. Сигурно не сме на врвот“, изјави Британецот.

Претходно„Академците“ пресилни за Работнички
СледноРангник: Ова е најдоброто нешто од Роналдо откако сум во Јунајтед