Хортон „убиствен“ за Гостивар, МЗТ Скопје лесно против дебитантот (ФОТО)

188

ТФТ продолжи во триумфален ритам, на домашен терен го совлада Гостивар во дербито на 18 коло со 95-86 и направи голем чекор кон Супер-лигата. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија ја запиша четвртата победа во низа во Првата лига, осма по ред во сите натпреварувања во последните месец дена.

Хортон беше убиствениот играч за гостите, зад своето име запиша 32 поени и 15 скока, зад него беше Николов со 19 поени, Костоски имаше 14 поени од кои четири тројки. Кај поразениот тим Вокру имаше 21 поени, Јанески 16.

Во „Кале“ видовме неизвесен натпревар со бројни промени на водството. Почетокот на дуелот им припадна на гостите, кои на крајот на првата четвртина имаа позитива од 18-26. Водството на Гостивар растеше и во продолжение, дојде на двоицифрени 31-43 и 33-46. ТФТ во овој период немаше решение за нападот на противникот, па на одморот негативата беше 42-52.

ТФТ не се предаде, се врати во мечот, со серија од 13-0 го врати водството по долго време (67-62). Од овој момент ја превзема контролата, на стартот на последната четвртина со серија од 7-0 дојде на плус десет (81-71). Гостивар притискаше, со серија од 12-3 се доближи на 84-83, Костоски со тројка зголеми на 88-83, но драмата продолжи. Костоски, екс-кошаркарот на гостите, со нова тројка ја одржуваше позитивата на својот тим.

Не успеа да се врати Гостивар иако имаше шанса, на крајот го запиша шестиот пораз оваа сезона.

МЗТ СКОПЈЕ РУТИНСКИ ПРОТИВ ДЕБИТАНТОТ

На втората средба од истиот термин, МЗТ Скопје максимално ја оправда улогата на фаворити, го совлада дебитантот Ангели со 96-70 и ја продолжи трката за првото место на табелата. Дуелот беше решен по една четвртина (29-14), на другата страна гостите одиграа добро во вториот период (27-24), но тоа не беше доволено за да се изненади првакот.

Дејвис постигна 19 поени и 10 скока, два поени помалку постигна Рикиќ. Кај гостите Атанасов имапе 22 поени.

Претходно„Граѓаните“ го купија бразилското чудо од дете – Савињо
СледноДимитријевиќ падна кај екс-тимот!