„Граѓаните“ го купија бразилското чудо од дете – Савињо

126

Манчестер Сити го договори трансферот на бразилскиот 17-годишен фудбалер Савио Мореиро де Оливеира, попознат како Савињо на „Етихад“. Тој доаѓа од редовите на Атлетико Минеиро за кого во претходните две сезони запиша 23 настапи.

Англискиот првак на Атлетико му плати 6,5 милиони евра, со тоа што ќе плати и дополнителни шест во форма на бонуси. Тинејџерот од Рио де Жанеиро ќе им се приклучи на „граѓаните“ во текот на летото.

Инаку Савињо одигра шест меча за младинската селекција на Бразил и постигна четири голови, а се уште нема гол на клупски план.

ПретходноСадио Мане со реченица за својата мајка која те тера да заплачеш!
СледноХортон „убиствен“ за Гостивар, МЗТ Скопје лесно против дебитантот (ФОТО)