Паника! Капитенот Ристовски се повреди на големото дерби

551

Во Хрватска се одигра најголемото дерби помеѓу лутите ривали Хајдук и Динамо Загреб кое заврши без победник. Пред мечот се случи инцидент во кој беше каменуван автобусот на Динамо додека патуваше низ Сплит, но за среќа немаше повредени лица.

На трибините и двете навивачки групи направија одлични кореографии, „Торцида“ малку и провоцираа но немаше сериозни инциденти.

А мрежите на крајот мируваа. 0:0 заврши дербито, за прв пат по септември 2018 година. Имаа и двете екипи шанси за гол, на стартот беше подобар Хајдук, а во финишот на првиот дел Динамо.

Во 60. минута играчот на Хајдук Марко Ливаја ја погоди пречката.

Од македонските фудбалери Јани Атанасов остана на клупата кај Хајдук, додека за Динамо од првата минута играше Стефан Ристовски кој во финишот на мечот се повреди и побара измена. Тренерот Копиќ го послуша и го извади од игра, а македонскиот капитен со болна гримаса се упати кон соблекувалната.

Допрва ќе видиме дали е нешто сериозно затоа што доаѓа во пресрет на важниот меч на Македонија во плеј-офот за пласман на СП 2022.

Аријан Адеми го немаше во протоколот.

Динамо е прв со 54 бода, а Хајдук е четврти со 49.

ПретходноДимитријевиќ падна кај екс-тимот!
СледноПо поразот од ТФТ, Гостивар со апел до КФСМ: Време е да се промени нешто, игравме против судиите!