Повеќе нема тајни: Халанд се поблизу до Англија

422

Ерлинг Халанд е едно од оние имиња за кои постојано се пишува оваа сезона. Норвешкиот напаѓач планира да го напушти тимот на Борусија Дортмунд уште ова лето и да се проба во друга европска лига.

Халанд беше често пати поврзуван со Реал Мадрид, но таму доаѓа Килијан Мбапе, па најверојатно овој трансфер нема да се оствари. Во игра беше и Барселона, но прашање е дали ќе има доволно финансиски средства за даго донесе.

Во овој момент Норвежанецот е најблизу до Манчестер Сити, според информациите од тамошните медиуми, тој ќе постане најскапиот играч во историјата на овој тим.

Раководството на клубот одлучи да ја активира неговата клаузула и за 80 милиони евра да дојде во редовите на „граѓаните“. Што ќе се случи и дали навистина ќе го видиме во Премиер-лигата ќе знаеме до крајот на оваа сезона.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар е вториот патник на Ф4, Е.Пелистер на победа!
СледноПремиер – лигата со нова санкција за Абрамович!