Убави, отворени и квалитетни први 45.минути од скопското дерби на Чаир меѓу Шкупи и Работнички. Се редеа шансите и на двете страни, но резултатот со кој се замина на пауза е 0:0.
Прво се заканија гостите преку Марјан Ристовски во 4.минута, но тој шутираше над голот на домашните. Шкупи пак своите зицери ги имаше преку Стоилов и Сенгор, и двете по шутеви со глава, но Мустафа беше на своето место и одлично одбрани.
Ова е прв меч од 23.коло во ПМФЛ.