Арвидас Сабонис, еден од најдобрите кошаркари во историјата на Европа, Литванец кој во дресот на СССР освои се што можеше да се освои, има свој коментар за војната во Украна.
Тој за медиумите во својата земја упати остра критика на сметка на Русија и Владимир Путин.
“Воопшто немам намера да разговарам со Русите, тие се лажговци. Ако во Русија дури 70% ја поддржуваат војната, што да кажам? Брутално, тргна брат против брат. Словени убиваат Словени. Па, зарем е можно? Се слушнав со Волков кој ја брани својата земја, му дадов подршка се разбира“ рече покрај другото славниот Сабонис.