Денеска и утре на програмата е и 4. коло во Втората фаза во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. Лидерот Струмица 47&72 е апсолутен фаворит против ГОК Борец откако досега забележа 13 победи и не загуби сет. Вардар е во одлична форма, па не би требало да има проблем со Лирија на свој терен, со што треба да го задржи второто место, а главното дерби ќе биде тетовската пресметка меѓу Шкендија и Универзитет во Тетово, која ќе решава за третата позиција на табелата.
Кај дамите, третото коло во плеј-офот носи дерби во Струмица. Работнички кој досега нема пораз на гостувањето кај Струмица се надева на победа за да го обезбеди првото место и предноста на домашниот терен во разигрувањето за титулата. Засилениот тим на Јанта волеј Кисела вода влегува во трка за највисок пласман. По успехот против Струмица, бранителките на титулата одат на гостувањето кај Наковски волеј којшто ќе остане втор без оглед на резултатот од дуелот.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (4. коло)
Струмица 47&72 – ГОК Борец (сабота, 17.00)
Шкендија – Универзитет во Тетово (сабота, 17.00)
Лирија – Вардар (недела, 17.00)
Прва лига (мажи), Втора фаза-2 (4. коло)
Штип УГД – Дибра волеј (сабота, 18.00)
Весна Пробиштип – Јанта волеј (сабота, 18.00)
Слободна е екипата на Македонија Џио
Прва лига (жени), Втора фаза-1 (3. коло)
Струмица – Работнички (сабота, 19.30)
Наковски волеј – Јанта волеј КВ (понеделник, 19.00)
Прва лига (жени), Втора фаза-2 (3. коло)
Универзитет во Тетово – Пелистер волеј (сабота, 13.00)
Фит фан волеј – Вардар (понеделник, 16.00, МРТ-3)