Екипата на Денвер Нагетс го доживеа вториот пораз по ред во период од два дена со што си го загрози директниот пласман во плеј-офот во Западната конференција. По поразот од Голден Стејт, екипата на Мајкл Мелоун доживеа пораз и од Торонто Репторс (115:127).
Денвер во последната четвртина влезе со предност, но потоа одигра далеку под нивото и го загуби мечот. Никола Јокиќ повторно беше најефикасен кај Денвер со 26 поени, а кај Торонто Сиакам даде 33 поени, а Барнс 25.
Голден Стејт Вориорс славеше против Милвоки со 122:109. Голден Стејт е втори на табелата на Западот со скор 46-22, а Милвоки се втори на Истокот со скор 42-26.
Најефикасен кај Голден Стејт беше Томсон со 38 поени, а кај Милвоки грчкиот интернационалец Антетокумбо со 31 поен.
На другите натпревари: Портланд – Вашингтон 127:118, Јута – Сакраменто 134:125, Сан Антонио – Индијана 108:119, Мајами – Минесота 104:113, Чикаго – Кливленд 101:91.