КМФ Проект со соопштение: Футсал лигата беше фингирана!

1288

Пред неколку денови заврши првенството во Футсал, во нашата елитна лига. Шкупи е новиот шампион, додека досегашниот првак, тимот на КМФ Проект заврши на второто место.

Токму овој клуб денеска излезе со официјално соопштение во кое се наведува дека првенството било нерегуларно и фингирано.

Соопштението ви го пренесувамо во целост…

Со оваа известување после едномесечен молк, сакаме да ја запознаеме јавноста за големиот срам за македонскиот фудбал и спорт воопшто каде во 21-век пред очите на цела јавност,се изврши манипулација, фингирање и местење на првенството во првата македонска футсал лига, каде со грубо кршење на повеќе одлуки и процедури се изврши „режирање“ на целокупната резрешница во натпреварувањето,како во борбата за првата позиција така и за опстанок во првата футсал лига, со што првенството целосно ја изгуби регуларносата!

Со ова фингирање му се овозможи на КМФ Шкупи освојување на шампионската титула во прволигашкото футсал првенство 2021/22, извршено со логистичка подршка на друг клуб (КМФ Арбен Бајрами), како и комисијата за регистрација и верификација,со нанесување директна штета на КМФ Проект.

Имено, настанувањето на штетата врз КМФ Проект се направи по завршувањето на натпреварот од 13-то коло против директниот конкурент КМФ Шкупи, каде после поразот од 3:1 и губењето на шансите за освојување на титулата на КМФ Шкупи се прави оваа груба манипулација и фингирање на првенството на начин што се реализира комплетен „клубски“ трансфер на фудбалерите од КМФ Шкупи во следниот противник на КМФ Проект, а тоа беше КМФ Арбен Бајрами, кој иако третопласиран, немаше ниту теоретски шанси за освојување на првото место, ниту пак беше загрозен за опстаник, но со јасна и крајно провидна цел: фингирање на првенството и местење на натпреварите во последните 4 кола за освојување на титулата од страна на КМФ Шкупи!

(Прилог 1 и прилог 2 каде се гледаат имињата на играчите кои настапуваат во 13-то коло за КМФ Шкупи, а во 14-то коло за Арбен Бајрами) и подоцна не настапуваат заедно на друг натпревар!

Дека оваа „операција“ за регистрација на цел клуб не е дозволена ниту во преоден рок, потврдува одлуката на Управниот Одбор на ФФМ (прилог 3), која е донесена за да спречи токму ваква манипулација, во која децидно е кажано дека: регистрација на играчи во последните 7 кола од тековното натпреварување не е дозволено!

Сепак, спротивно на оваа Одлука на Управниот одбор на ФФМ, комисијата за регистрација и верификација, му дозволува на КМФ Шкупи да изврши нелегално регистрирање на овие играчи во третопласираната екипа на КМФ Арбен Бајрами, на само 5 кола до завршување на првенството, односно да може во наредното 14-то коло со помош на овие нелегални трансфери, КМФ Арбен Бајрами да го победи лидерот на табелата КМФ Проект и му овозможат на КМФ Шкупи да избие на челната позиција!!!

Се работи за регистрација на следните играчи:

Иван Стојановски со ИД 114852

Зоран Левевски со ИД 115020

Реџеп Сулејмани со ИД 104432

Цека Исмет со ИД 109593

Еркан Сефери со ИД 102235

Јакупи Бејтула со ИД 122837

Берат Рамадани со ИД 122158

Уште еден доказ за оваа умисла е и фотографијата (прилог 4), која е направена по завршувањето на овој натпревар од 14-то коло во кое КМФ Арбен Бајрами успева да триумфира, за по завршувањето, заеднички го слават „успехот“, од што јасно може да се види како на едно место се фудбалерите и тренерите со челните луге на двата клуба и ја објавуваат на официјалниот профил на клубот Арбен Бајрами, додека на официјалната ФБ страна на КМФ Шкупи (прилог 5), спротивно на сите спортски кодекси и норми и како никаде во Европа, клуб од исто натпреварување јавно му се заблагодарува за победата над друг конкурентски клуб!

Местењето на натпреварите следи во завршницата од првенството каде:

1. Во 14-то коло следниот противник на ваквиот КМФ Шкупи со само 6 активни фудбалери му дозволува да победи, а за возврат „на тацна“ да добие 3 бода, со победата над „супер силниот“ Арбен Бајрами во наредното 15-то коло.Во следниот (прилог 6), може да се види настапот на КМФ Арбен Бајрами на овој натпревар за враќање на “долгот”, каде ниту едно од засилувањата не настапува, како благодарност за местењето на натпреварот со Шкупи!

2. Во наредното 16-то коло (прилог 7), КМФ Арбен Бајрами, така засилен со дури седум нови довчерашни фудбалери на КМФ Шкупи, беше поразен од „просечниот“ КМФ Шкупи, оти нели така му одговара, а и таков е „дилот“.

3. Тирадата продолжи и во 17-то коло, кога На КМФ ШКУПИ од страна на следниот нивен противник му се овозможува да победи во меѓусебниот натпревар, за да во последното 18-то коло им биде вратено од Арбен Бајрами со “мирољубив” настап без 7-те “засилиувања”.

4.Како крунски доказ (прилог 8.) е фотографијата после натпреварот на ШКУПИ против ШКЕНДИЈА каде се прогласени за шампиони на која седумте фудбалерите кои преминаа на недозволен начин во АРБЕН БАЈРАМИ слават освоена шампионска титула иако не се фудбалери на “шампионот”.

5.Јавно признавање на оваа наместено првенство оддава и тренерот на КМФ ШКУПИ каде порачува (прилог 9):не само оваа година туку до 2030 година титулата ке биде во Скопје,една сезона ШКУПИ,една АРБЕН БАЈРАМИ следната ЈУВЕНТУС,џабе давете пари.Јавно признавање дека се е наместено.

6.Како може фудбалер на Арбен Бајрами (прилог 11) кој заврши како 4-то пласиран на табелата да се прогласи за шампион и да се слика со дрес на ШКУПИ,или ова е уште еден доказ и признавање за наместеното првенство оваа сезона,а доколку пак ја лаже целокупната македонска јавност,фамилијата и пријателите дека е шампион во услови кога не е,нека им се извини.

Самиот нека одлучи што е манипулатор и местач или пак лажго.

Каде е тука регуларноста на првенството и „ дали во авионот има пилот“!

На сите овие груби манипулации и факти со очигледно фингирано и наместено првенство, ФФМ веднаш да ги разгледа фактите и да го прогласи првенството за НЕРЕГУЛАРНО,доколку го премолчи и дозволи ова да помине пред очите на целокупната македонска спортска јавност ќе ја сметаме за соучесник.

Почитувана комисијо за футсал, натпреварите во првата футсал лига според пропозициите задолжително се снимаат па оттука истите побарајте ги да видите како се одвивале овие 4 завршни кола,или сега “случајно” сите ќе бидат изгубени.Ке има ли санкции за овие случаи или и ова ќе им го простите.

Ги повикуваме:Министерството за внатрешни работи,Министерот Оливер Спасовски,Основното јавно обвинителство,Јавниот обвинител Љубомир Јовески,Агенцијата за млади и спорт,Директорот Наумче Мојсовски како и сите други надлежни институции да го истражат случајот а ние сме спремни да им ги доставиме сите докази од овој голем криминал во спортот.

Поради сите овие девијации и безочни местенки со еклатантни нерегуларности во едно првенство, КМФ Проект ги извести со дописи и информации УЕФА (прилог 10) и за истите ќе бара правна разрешница.

Без оглед на исходот од сето ова, како клуб апелираме дека сето ова го правиме со единствена цел а таа не е да ја одбраниме титулата со жалби и “плачење” иако истата чесно ја освоивме и оваа сезона а ни беше одземена на примитивен начин,туку да посочиме дека прволигашкото футсал првенство оваа сезона е НЕРЕГУЛАРНО И НАМЕСТЕНО.

За жал ова мора да престане,денес нас-утре на некој друг!!

Со почит

КМФ ПРОЕКТ

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

ПретходноСтоле се врати на голот, Рајо ја прекина серијата порази (ВИДЕО)
СледноКако Ристовски и останатите динамовци се спасуваа во Сплит откако им беше нападнат автобусот! (ВИДЕО)