Порази на нашите репрезентативци, Жарко Пешевски и Филип Миркуловски во настапите на своите екипи во редовното коло во Бундеслигата.
Штутгарт на Пешевски дома беше поразен од силниот Магдебург со 27-30. Сепак треба да се истакне одличниот меч на Македонецот во дресот на домашниот состав. Тој реализираше пет голови од шест обиди.
Филип Миркуловски пак со својот Вецлар загуби ма гостивањето од Лемго со 29-27. Нашиот репрезентивец не успеал да се запише во листата на стрелците.