Хрватскиот портал „Индекс“ започна анкета за избор на најдобрите странски фудбалери кои досега настапувале во националното фудбалско првенство на Хрватска. Во поширокиот список се најдоа и тројца македонски сегашни и некогашни играчи.
Тука во прв ред е капитенот на Динамо Загреб и наш актуелен репрезентативец Аријан Адеми, поранешниот капитен на нашата репрезентација Гоце Седлоски, како и Илија Несторовски кој го носеше дресот на Интер Запрешиќ.
Гласањето се одвива на следниот ЛИНК.