Во Англија одигран меч за Гинис: 54 изведени пенали за да се добие победникот на мечот!

153

Во Англија вчера беше поставен еден уникатен рекорд на фудбалските терени. Имено, на натпреварот на локалниот Меморијален куп „Ернест Армстронг“меѓу екипите на Вашингтон и Бедлинтон Териерс двата тима реализираа вкупно 54 пенали, за на крајот домаќините да победат со резултат 25:24!

Во регуларното време натпреварот завршил со резултат 3:3.

Од сите 54 реализирани пенали, фудбалерите на двата тима промашија само пет. Победничкиот гол за Вашингтон го постигна тинејџерот на Њукасл, Лукас Гемблин. Ова постигнување сега чека да биде запишано и во Гинисовата книга на рекорди. Досега, рекордот го држеа тимовите на Палас и Цивик, кои изведоа 48 пенали во Купот на Намибија во 2005 година.

ПретходноTeo Ернандез: Требаше да направам трансфер во Германија, но Малдини ги заврте работите
Следно„Марка“: Мбапе потпишал за Реал (М) уште на 30 јануари!