Гројтер поведе, па прими шест од Ред Бул Лајпциг

59

Во последниот меч од денешната програма  во Бундес лигата, тимот на Ред Бул Лајпциг успеа на гостински терен кај веќе испаднатиот Гројтер Фурт успеа да триумфира со огромни 1:6.

За волја на вистината, домашните поведоа уште во 4. минута преку Левелинг, но само за да го налутат противникот кој до крајот на мечот потоа до врв ја наполни нивната мрежа.

Во серија погодуваа, Силва, Форсберг, Лајмер, Хенриш, Симакан, Нкунку, па до крајот на мечот истиот се претвори во рапсодија на Ред Бул. Лајпциг со ова има 44. бода и четврто место, додека Гројтер Фурт со 14. бода, одамна е второлигаш.

 

ПретходноПартизан ја доби Будуќност во Подгорица (ВИДЕО)
СледноГеоргиевски за Романија: На хартија сме фаворити, но не очекува тежок двомеч