Денвер доживеа втор пораз од ред, Голден Стејт подобар од Милвоки

114

Екипата на Денвер Нагетс го доживеа вториот пораз по ред во период од два дена со што си го загрози директниот пласман во плеј-офот во Западната конференција. По поразот од Голден Стејт, екипата на Мајкл Мелоун доживеа пораз и од Торонто Репторс (115:127).

Денвер во последната четвртина влезе со предност, но потоа одигра далеку под нивото и го загуби мечот. Никола Јокиќ повторно беше најефикасен кај Денвер со 26 поени, а кај Торонто Сиакам даде 33 поени, а Барнс 25.

Голден Стејт Вориорс славеше против Милвоки со 122:109. Голден Стејт е втори на табелата на Западот со скор 46-22, а Милвоки се втори на Истокот со скор 42-26.

Најефикасен кај Голден Стејт беше Томсон со 38 поени, а кај Милвоки грчкиот интернационалец Антетокумбо со 31 поен.

На другите натпревари: Портланд – Вашингтон 127:118, Јута – Сакраменто 134:125, Сан Антонио – Индијана 108:119, Мајами – Минесота 104:113, Чикаго – Кливленд 101:91.

ПретходноГетафе и Валенсија одиграа „нула“
СледноРоналдо по рекордниот 59. хет-трик: За човекот не постојат граници