Еуро Никел го доби трилерот против Феникс

142

Во исклучително неизвесен дуел со трилер завршница, тимот на Еуро Никел успеа да слави во последниот меч од денешната програма во домашниот кошаркарски шампионат над тимот на Феникс. Конечниот резултат гласи 84:88, во дуел во кој победникот не се знаеше до последните секунди.

По стартната четвртина која  беше изедначена (18:19) вториот дел му припадна на гостинот, (15:24). По паузата следуваше резултатски кам бек на домаќинот, (28:15), за да во последната делница сепак, Еуро Никел постигне седум поени повеќе (23:30).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО

Феникс 2010 – Еуро Никел 2005         84:88

Кожув – Куманово 2009 95:80

Пелистер – МЗТ Скопје Уни Банка     99:89

ТФТ – Гостивар      95:86

МЗТ Скопје Аеродром – Ангели         96:70

Навико Академија ФМП – Работнички        33:32

ТАБЕЛА: Пелистер (17-1), МЗТ Скопје Аеродром (15-3), Гостивар (12-6), Навико Академија ФМП (12-6), ТФТ (11-7), Феникс 2010 (10-8), Еуро Никел 2005 (10-8), Работнички (7-11), Кожув (6-12), Куманово 2009 (4-14), МЗТ Скопје Уни Банка (2-16), Ангели (2-16);

ПретходноКостески: Не смееме да ја потцениме Романија!
СледноИнтер се спаси во Торино од пораз (ВИДЕО)