Интер се спаси во Торино од пораз (ВИДЕО)

81

Тимот на Интер направи чекор назад во обидот сезонава да ја освои титулата во Серија А, откако предмалку на Олимпискиот стадиов во Торино одигра само 1:1 против истоимениот противник. Иако се очекуаше гостите да издоминираат на овој меч, тоа  не само што не се случи туку, домаќинот може да жали што освои само бод, а не и три.

Торино поведе во 12. минута преку Бремер, а до следниот гол се чекаше се до последните моменти од натпреварот, кога на одличната аситенција на Џеко, со удар кој го погоди најпрво дирекот па одседна во мрежата изедначи Алексис Санчис. Двата тима во текот на целиот меч имаа грст ситуации да погодат па ете, може слободно да се каже дека ремито на овој меч е најреален резултат.

Интер со овој нерешен резултат стигна до 59. бод и третата позиција, додека пак Торино е единаесетти со 35.

ПретходноЕуро Никел го доби трилерот против Феникс
СледноБарселона сигурна против Осасуна (ВИДЕО)