Вечера во Скопје беше одржано Државното првенство за сениори-ки во борби и кати. Според постигнатите резултати, каратистите на скопски Макпетрол не дозволија никакво изненадување и повторно во подолг временски период според освоените медали се најуспешен клуб на домашната сцена.
Макпетрол успеа да освои вкупно 14 медали, од кои 5 златни, 5 сребрени и 4 брозени.
Државни прваци станаа:
1.Марија Петровска -50 кг
2.Анѓела Мојсовска -68 кг
3.Петар Заборски -75кг
4.Петар Спасеновски -84 кг
- Екипно борби мажи златен медал состав ( Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојанович, Глигор Петков, Витомир Трајковски, Дарјан Тасевски)
Шампиони на Македонија по категории станаа:
Кај дамите во борби: Марија Петровска -50 кг, Марија Милевска -55 кг, Вероника Костовска -61 кг, Ангела Мојсовска-68 кг и Румена Балшевска +68 кг Беговиќ.
Кај мажите во истата дисциплина: Фахик Весели -60 кг, Емил Павлов -67 кг, Петар Заборски -75 кг, Петар Спасеновски -84 кги Берат Јакупи +84 кг кај мажите.
Макпетрол е екипен првак во машка, а Олимпик спорт во женска конкуренција борби..
Во кати правци се Пуликсенија Јованоска и Кристијан Бајовски, додека во екипна конкуренција најдобри се Гладијатор во женска и Фунакоши Гичин во машка конкуренција.