Костески: Не смееме да ја потцениме Романија!

103

Оној кој ќе ја потцени Романија ќе згреши многу. Оваа ракометна репрезентација низ годините, исто како и клупскиот ракомет напредуваше многу. За ова се свесни нашите репрезентативци, знаат дека само со максимална ангажираност можат да дојдат до победа и пласман во следниот бараж за СП 2023.

“Почнуваме со подготовки за овој бараж, противник ни е Романија, која не смееме да ја потцениме бидејќи станува збор за многу квалитетна репрезентација. Го имаме овој период за да се подготвиме и да ја прикажеме најдобрата игра за да го поминеме овој прв дел од баражот, па чекор по чекор да почнеме да размислуваме за пласман на Светското првенство”, изјави Ненад Костески.

Улогата на фаворит треба да се докаже на терен, Костески верува дека ќе се покажат во најдобро светло.

“Ќе гледаме видеа од Романија и ќе анализираме, иако знаеме дел од играчите. Сметам дека ќе се подготвиме добро и ќе се прикажеме во најдобро светло. Во овој бараж ние важиме за фаворити, но секако треба тоа да го докажеме и на терен и нормално се надевам на победа и пласман понатаму”.

Првиот дуел меѓу Македонија и Романија се игра на 17 март во Скопје, два дена подоцна е реваншот во Букурешт.

ПретходноГеоргиевски за Романија: На хартија сме фаворити, но не очекува тежок двомеч
СледноЕуро Никел го доби трилерот против Феникс