Кулушевски не се осмели да зборува на македонски јазик по мечот со Јунајтед

3069

Фудбалерот на Тотенхем Дејан Кулушевски по поразот од Манчестер Јунајтед даде изјава за „Спортклуб“. Новинарот на балканската телевизија го почна интервјуто на хрватски јазик со надеж дека ќе фудбалерот ќе го разбере со оглед на македонското потекло. Дури и се обиде да го праша на македонски, но Швеѓанецот побара интервјуто да биде на англиски.

Првпат играм тука, беше неверојатно да се игра на „Олд Трафорд“. Се обидов да уживам, бевме добри, но на крајот не беше доволно, затоа сум бесен“, порача Кулушевски кој смета дека Тотенхем е млад тим кој допрва треба да учи и да стекне континуитет.

Инаку Кулушевски е роден во Стокхолм, а неговите родители се од Македонија. Тој беше дел од македонската репрезентација до 16 години, но потоа одбра да се фокусира да игра за Шведска каде што сега е и сениорски репрезентативец.

 

ПретходноРоналдо по рекордниот 59. хет-трик: За човекот не постојат граници
СледноПиоли: За Скудетото ќе зборувам ако пред последното коло имаме предност од 4 поени