Надал беше пред елиминација, но стигна до победа на Индијан велс

80

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со многу мака стигна до третото коло на Мастерс турнирот Индијан велс по победата над Себастијан Корд со 6:2, 1:6, 7:6(3). Шпанецот беше пред пораз затоа што губеше во третиот сет со 5:2 меѓутоа Американецот падна под притисокот и загуби.

Рафаел Надал лесно го доби првиот сет, но во вториот имаше многу проблеми и му дозволи на противникот да изедначи. Во третиот сет проблемите продолжија и во завршниот сет рекордерот по бројот на Грен слем титули се крена и го доби мечот. Во наредната фаза Шпанецот ќе игра против Даниел Еванс.

Кога сме кај Рафа Надал тој го откажа учеството на Мастерсот во Мајами (САД) кој почнува на 23 март. Четвртиот на светската ранг листа е петкратен финалист, последен пат во 2017 но никогаш не го освоил.

ПретходноЕмир Скендери: Струга ТЛ очекува позитивен резултат во Струмица!
СледноДобро е, повредата на Ристовски не е сериозна