Пет сета решаваа за победникот на тетовското одбојкарско дерби

106

Одбојкарите на Струмица без проблеми го минаа и четвртиот ривал во втората фаза од домашното првенство. Без проблеми, со убедлив резултат и во три сета, струмичани ја забележаа новата победа, овој пат над екипата на Борец со која доминантно се позиционирани на врвот на табелата во плеј-офот.

Извонредно интересно дерби вчера беше одиграно во Тетово, каде по пет одиграни сета екипата на Шкендија на крајот славеше над градскиот ривал Универзитет во Тетово. Двата бода кои Шкендија ги освои на овој меч, и оној еден за гостите, практично направија мешаница на табелата во битката за 2. место. Во пресрет на денешниот дуел меѓу Лирија и Вардар, сега три екипи од 2. до 4. место се со ист бодовен фонд. И Вардар и Универзитет во Тетово и Шкендија имаат по 27 бода и најавуваат интересен финиш на сезоната.

Во плеј-аут делот во ова коло сигурни победи нанижаа Штип и Весна Пробиштип.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (4. коло)

Струмица 47&72 – ГОК Борец          3:0 (25:14, 25:15, 25:12)

Шкендија – Универзитет во Тетово      3:2 (28:26, 23:25, 25:19, 20:25, 15:9)

Лирија – Вардар                           (денеска, 17.00)

ТАБЕЛА: Струмица 42, 2. Вардар 27, 3. Универзитет во Tетово 27, Шкендија 27, Борец 22, Лирија 17.

Прва лига (мажи), Втора фаза-2 (4. коло)

Штип УГД – Дибра волеј                       3:0 (25:17, 25:12, 25:20)

Весна Пробиштип – Јанта волеј           3:0 (25:11, 25:18, 25:17)

Слободна е екипата на Македонија Џио

ПретходноПСЖ убедлив против Бордо, свирежи за Нејмар и Меси (ВИДЕО)
СледноЧурлинов подобар од Муслиу во „мак-дербито“ во „Цвајте“