Се одиграа четирите попладневни мечеви од 23.коло во ПМФЛ.
Нема седум од седум за Македонија ЃП. Во скопската пресметка „пиратите“ ги изненадија “лавовите“ и одиграа 1:1. Големо изненадување е ова реми, се очекуваше сигурна победа на Македонија ЃП.
Шкндија со голот на Нафиу во 91.минута успеа да го победи Тиквеш со 2:1 и со тоа да се спаси од нов срам. Каков ли само шок тоа ќе беше за шампионот. Тиквеш се чини дека заслужи да остане непоразен, но Нафиу не мислеше така.
Академија Пандев иако потешко од очекувањата, сепак успеа да го победи силниот тим на Струга ТЛ со 1:0 Стружани имаа шанси за бод, но Шаркоски со голот уште во првиот дел го реши овој меч за нов триумф на струмичани.
Брегалница конечно покажа квалитет и со 3:0 без никакви проблеми славеше со Борец.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 23.КОЛО
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 2:1
(Дориев 21., Нафиу 91./ Вареловски 75.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 1:1
(Воша 16./Хајдари 3.)
БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ 3:0
(Георгиев 5., Дамњановиќ 63., Миленковски 90+1/)
А.ПАНДЕВ – СТРУГА 1:0
(Шаркоски 12.)
ВЧЕРА:
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2:0
УТРЕ:
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР