Полувреме: Дориев за водство на Шкендија, водат и “пандевци“ и Брегалница, 1:1 е во Ѓорче…

231

Завршија првите полувремиња од четирите мечеви од 23.коло во ПМФЛ. Шкендија под Шара, со голот на Дориев води против Тиквеш. Водство има и тимот на Академија Пандев против Струга ТЛ, Шаркоски со убав гол му донесе 1:0 на својот тим. И во Штип домашните водат, Георгиев стрелаше за 1:0 против Борец.

Интересно е во Ѓорче. “Пиратите“ даваат силен отпор кај Македонија ЃП. Имаа и водство со прекрасниот гол на Хајдари, но Воша израмни на 1:1.

Вчера Шкупи го победи Работнички со 2:0, а утре се игра мечот меѓу Ренова и Пелистер.

ПретходноХаланд сака во Реал или Барса, татко му го тера да потпише за Манчестер Сити
СледноСтоле се врати на голот, Рајо ја прекина серијата порази (ВИДЕО)