Српски голман доаѓа во Рома

113

Италијанска Рома ќе добие засилување меѓу стативите и тоа од Бенфика. Се работи за српскиот чувар на мрежата Миле Свилар.

Како што пренесува новинарот на италијанскиот Скај Спорт Џанлука ди Марцио, Рома успеала да го убеди Свилар место во Сан Себастијан и Реал Сосиедад да дојде во престолнината на Италија. Според истиот извор Свилар во наредните денови ќе пристигне на „Олимпико“ и ќе потпише договор како слободен играч, затоа што договорот со Бенфика му истече во јануари.

Се работи за српски репрезентативец кој претходно ги поминал младинските селекции на Белгија. Инаку кариерата ја почнал во Андерлехт, а во 2017 година потпиша за Бенфика. За А тимот на лисабонскиот клуб одигра вкупно 20 натпревари во сите натпреварувања, а има уште 11 за Б тимот.

ПретходноПМФЛ: “Пандевци“ во нова офанзива, шампионот ќе се мачи со Тиквеш, „лавовите“ сакаат седум од седум!
СледноTeo Ернандез: Требаше да направам трансфер во Германија, но Малдини ги заврте работите