Халанд сака во Реал или Барса, татко му го тера да потпише за Манчестер Сити

275

Шпанскиот весник „Спорт“, пишува дека норвешкиот голгетер од Борусија (Д) му посочил на својот агент дека сака да избере клуб од Шпанија како следна дестинација во неговата кариера. Поради оваа причина, Реал Мадрид и Барселона сега се фаворити во трката за неговиот потпис.

Дел од германските весници, пак, пишуваат дека неговите блиски соработници и пријатели го советувале, сепак, да го избере Манчестер Сити, бидејќи англискиот клуб на Халанд му нуди многу поголема плата, а ќе се развива под палката на еден од најдобрите светски тренери на денешницата, Пеп Гвардиола.

Таткото на напаѓачот, Алф-Инге Халанд, играше за Манчестер Сити и исто така го става Сити како приоритет во преговорите. Неговите блиски демантираа дека тој веќе одлучил каде ќе се пресели во јуни и најверојатно во последните денови од сезоната ќе ја донесе конечната одлука.

ПретходноЧурлинов подобар од Муслиу во „мак-дербито“ во „Цвајте“
СледноПолувреме: Дориев за водство на Шкендија, водат и “пандевци“ и Брегалница, 1:1 е во Ѓорче…