Дарко Чурлинов и неговиот тим Шалке 04 славеа на гостувањето кај Висар Муслиу и Инголштад во попладневниот дуел од 26. коло на германската лига „Цвајте“. Во мак-дербито на колото, Чурлинов одигра одличен меч и беше еден однајдобро оценетите фудбалери кај гостинската екипа, која замина од Инголштад со висока победа од 3:0.
И двајцата наши репрезентативци го одиграа комплетниот меч од почеток до крај. Шалке со оваа победа остана на 5. место на табелата, а Инголштад и натаму останува закован на дното.