Во Англија вчера беше поставен еден уникатен рекорд на фудбалските терени. Имено, на натпреварот на локалниот Меморијален куп „Ернест Армстронг“меѓу екипите на Вашингтон и Бедлинтон Териерс двата тима реализираа вкупно 54 пенали, за на крајот домаќините да победат со резултат 25:24!
Во регуларното време натпреварот завршил со резултат 3:3.
Од сите 54 реализирани пенали, фудбалерите на двата тима промашија само пет. Победничкиот гол за Вашингтон го постигна тинејџерот на Њукасл, Лукас Гемблин. Ова постигнување сега чека да биде запишано и во Гинисовата книга на рекорди. Досега, рекордот го држеа тимовите на Палас и Цивик, кои изведоа 48 пенали во Купот на Намибија во 2005 година.