Во меч од 20.коло во елитната лига на Франција, во дербито на колото, ПСЖ со 34-28 (19-15) успеа да го победи тимот на нашиот капитен и селектор Кире Лазаров, Нант. Со ова се чини дека и дефинитивно “светците“ направија бодовна разлика доволна за нова титула во домашниот шампионат.
Кире Лазаров успеа да постигне три голови од кои два од седум метри.
Играч на мечот бил голманот на “светците“ Венсан Жерар кој имал дури 18 одбрани.